Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски рече дека денеска СДСМ се самоисклучи од лидерската средба. Вели дека како Влада не толерираат неодговорно однесување, но истакна дека го прифаќаат барањето на партијата на Венко Филипче за следните парламентарни избори да остане техничката влада.
-Ние како Влада сме одговорни да им го овозможиме тоа. Но, веќе по наредните избори, да нема веќе техничка влада, имајќи предвид за предизвиците со кои се соочува државата, рече Мицкоски.
За најавената тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, премиерот вели дека законите кои што се дел од реформската агенда треба да се поддржат безусловно. Смета дека не треба да се манипулира со „Балансер“ или Бадентер.
-Не би можел да кажам (кога ќе се случи средбата со Ахмети), но, во рамките на моето тековно работење, се гледам со сите релевантни политички чинители во државата, одговори Мицкоски.