Мицкоски се чувствува засрамено што ја запознал Арсовска

од Nikola Popovski
193 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека се чувствува засрамено што некогаш ја запознал градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

-Понекогаш човек и се срами за тоа што го гледа. Се чувствувам засрамено што воопшто имав можност во животот да запознаам една таква личност. И таа и СДСМ им должат извинување на скопјани – најпрвин поради навредите кон мене и ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои што работеа таа да стане градоначалник, а СДСМ поради клеветите кон мене, рече Мицкоски при посетата на општина Илинден.

Тој порача дека вистината секогаш излегува на видела.

-Допрва ќе бидете подготвени за непријатни изненадувања за нив, а за среќа на скопјани ќе дојде до реализација на еден капитален проект кој што многу значи за Скопје, кажа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини