Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е во тек креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Тој информираше дека екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки.
-Тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Мерките се во тек, рече денеска Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.
Како што потенцираше, секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се почнати и покренати.