Мицкоски се ракуваше со кралот Чарлс, разговарале за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство

-Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, нагласува Мицкоски

од Nikola Popovski
39 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека во рамките на неговиот престој во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Височество, Кралот Чарлс III. Според премиерот, средбата била искрена и содржајна.

-Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание.

Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, нагласува Мицкоски.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, премиерот информира дека имал повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство.