Мицкоски: Секој кој мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже, со ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа нема да го има

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на собир во Кичево истакнал дека неговата партија на следни избори ќе оствари историски резултат, но и дека се прави стратегија како да се „скрши ВМРО-ДПМНЕ“ и 44-те нивни пратеници да изгласаат уставни измени по бугарски диктат.

-Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор. Многумина ќе дојдат до вас, ќе ви ја стегнат раката и ќе ве погледаат во очи и ќе ви кажат се што сакате да слушнете. Но, внимавајте истите тие кои што ќе ви кажат се што сакате да слушнете, позади завесата се договараат со нивните стопани. Кои се нивните стопани? Сите тие кои што не сакаат овој народ да успее и оваа држава да успее“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Кичево.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ кога и да се случат изборите повторно ќе оствари историски резултат како тој што беше на локалните избори.

-Македонија со ум се брани. Секој кој што мисли дека со сила може да ја одбрани Македонија, се лаже. Ние треба да бидеме најмалку двојно поумни од сите останати, со добра и јасна стратегија. Сите тие кои што заведуваа со силни говори и јака реторика дека овој град бил наш, Македонија до таму, таму ќе го правиме следниот Конгрес, завршија како уценети мали просечни бизнисмени, рекол Мицкоски.

Според него, нема време за бизнисмени во политика и тоа веќе нема да го има. Мицкоски вели дека секој оној кој мисли дека во политиката ќе биде бизнисмен се лаже и оти со ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа нема да го има.

Слични содржини