Мицкоски: Системот на затоплување на домовите е најголем причинител за аерозагадувањето

од Nikola Popovski
20 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.

„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител е јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти кои што се уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти“, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина.

„Како Влада преземаме драстични мерки во таа насока, посебно тука би сакал да го споменам проектот кој се однесува на финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти кои што би значеле токму ваков начин на обезбедување на поздрава животна средина, меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места, ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, а речиси и никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а да не зборам за нивен третман.”, вели тој и додаде:

„Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина. Исто така и организирани системи за одлагање на смет, тие се многу важни и многу значајни, бидејќи во државата би рекол имаме стотици или илјадници диви депонии кои за жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет“.

Слични содржини