Мицкоски: Сите ќе ги искинат бугарските пасоши уште првиот ден кога ќе станеме дел од ЕУ

од Nikola Popovski
92 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека македонските граѓани бараат бугарски пасоши не поради „етничка или национална припадност“ и дека „ќе ги искинат уште првиот ден кога земјата ќе стане членка на ЕУ“. Претседателот на Владата беше запрашан дали ќе побара од граѓаните кои поседуваат бугарски пасоши да се откажат од нив.

-Тоа е лична одлука. Вистинското прашање е зошто македонските граѓани не побарале бугарски пасош пред Бугарија да влезе во ЕУ. Бугарскиот пасош не е поради етничка или националност. Колку што знам, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите и Бошњаците имаат бугарски пасоши од економски причини. Сметаат дека на тој начин полесно ќе добијат можност да работат во земјите на ЕУ, а не затоа што се чувствуваат Бугари. И сигурен сум дека утре сите ќе се откажea (од бугарски пасош), да не се случеше оваа неправда и две и пол децении чекање за почеток на преговори (со ЕУ). Да имавме нормален пат, како и сите нови земји-членки на ЕУ, ви гарантирам дека ниту еден граѓанин немаше да побара бугарски пасош. Имаме многу внатрешни проблеми, но заслужуваме многу повеќе од многу земји-членки на ЕУ. И гарантирам дека ако го добиеме заслуженото, на првиот ден кога ќе станеме членка на ЕУ, ќе ги искинат (бугарските пасоши). Ви гарантирам, истакна Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан дали има друга опција која не вклучува промена на Преговарачката рамка, што е услов за вистински почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, премиерот повторно посочи дека алтернатива се уставните измени за вклучување на Бугарите во основниот закон на земјата, но со одложено дејство.

-Ако има волја, има начин, еве го начинот. За ЕУ зборуваме повеќе од две децении и сме заглавени пред почетокот на преговорите. Треба истите тие коишто тоа го кажуваат да ни кажат дали сметаат на нас. Ама не декларативно, да покажат со дело. Ако сакаат да покажат со дела еве начин, им дадовме начин. Одложеното дејство е еден од начините, рече Мицкоски на новинарско прашање за алтернативата на постојната Преговарачка рамка, укажувајќи дека за тоа разговарал со сите меѓународни претставници.

Слични содржини