Мицкоски со порака до Радев и Мицотакис: Навикнат сум на омаловажувања и навреди, но кој сум јас да им солам памет?

од Nikola Popovski
94 прегледи

Навикнат сум на омаловажувања и навреди. Целиот мој живот е така проследен, но некако на крај секогаш победувам. Ќе видиме како ќе биде во случајов. Сакам ние како балкански земји, да ги следиме примерите на балтичките и скандинавските држави, па сите заедно со изградени мостови, сложно да настапуваме насекаде во светот и пред официјалните лица на ЕУ и да градиме една добрососедска политика, вели премиерот Христијан Мицкоски, запрашан како ја коментира средбата меѓу грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев и нивните пораки дека „македонското раководство не е подготвено“ и дека „Мицкоски не разбира меѓународно право“.

Македонскиот премиер е дециден дека со омаложувања и навреди, „работата не ја бива“.

-Мислев дека сега во 21-от веќ ќе зборуваме како заеднички ќе ја развиваме заедничката економија, образование, туризам, луѓето да ги зближуваме. За тоа сум подготвен да зборувам, но, сепак, кој сум јас да им солам памет што да прават? Жалам што гледаат промена во политиката овде. Поминаа времињата кога кај нас имаше политичари со свиткана кичма и што се ќе потпишат, освен да го заштитат интересот на македонските граѓани. Мора да се навикнат на политичари кои работат за доброто на татковината и ги штитат интересите на граѓаните. Мојата порака до двајцата е дека ние сме мирољубив народ и подготвени со секого да соработуваме, но тоа го гледаме како двонасочна улица, кажа Мицкоски при посетата на општина Гевгелија.

Слични содржини