Мицкоски со синовите ќе го гледа Роналдо во Будимпешта

Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо - објави Мицкоски

од Nikola Popovski
53 прегледи Фото: Официјален инстаграм профил на Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Инстаграм профил објави дека е во Будимпешта заедно со синовите на покана на Виктор Орбан. Како што информира тој, на покана на унгарскиот премиер, ќе присуствува на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Унгарија и Португалија.

„Ретко сме заедно, уште поретко имам прилика да ја исполнам нивната желба. Овој пат ден поминат со Јован и Антониј. Заедно тројцата во Будимпешта, му ветив на Антониј дека ќе го гледаме Роналдо, а утре Португалија ѝ гостува на Унгарија во Будимпешта. На поканата на мојот драг пријател Виктор Орбан го имам задоволството да ги поминам овие два дена со Јован и Антониј во Будимпешта“, објави синоќа Мицкоски на Инстаграм.

Премиерот во објавата додава дека ќе се врати в среда, на 10 септември и ќе присуствува на настан кај актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор градоначалнички мандат.