Премиерот Христијан Мицкоски информира дека прво треба да го види предлог-законот на ЛДП за една изборна единица заедно со дијаспората, па ќе одлучи дали владеачкото мнозинство ќе го поддржи. Принципиелно ако зборуваме за една изборна единица, Мицкоски порача дека поддржува такво нешто, со можност да гласа и дијаспората, каде што законите и уставот на државите дозволува тоа да биде надвор и од дипломатско-конзуларните претставништва.
Премиерот оценува дека доколку на време се реши работата, може да се подготват амбасадите и конзулатите до следните парламентарни избори.
Пред презентирањето на извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој би требало да содржи признавање на македонскиот идентитет и јазик и откако беше најавено дека бугарски европратеник од редовите на ГЕРБ со амандман ќе се обиде да го дефинира идентитетот и јазикот како сегашен, Мицкоски изјави дека „тие се работи и секојдневно работат на тоа за да помине“.
-Ако некој кај нас гаат дека седат со скрстени раце…Некој им дал можност кога го прифатиле францускиот предлог. Вистината излегува, порано или подоцна. Вистината е таа дека официјална Софија никогаш не се препакува и остана во суштина да биде слеп заложник на „живковизмот“. Суштината позади ова е создавање на нова сегашна македонска нација која што почива на основите на бугарската нација. Ова нема врска со стотина наши сограѓани во Преамбулата – тоа е само пред завесата, кажа премиерот пред свечената академија по повод 80 години од постоењето на Државниот завод за статистика.