Мицкоски: Софија сака да го избрише македонскиот идентитет со политика на асимилација – Брисел внимателно да слуша

од Марта Пешевска
54 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на обидот на европратеник од бугарската партија ГЕРБ да го дефинира македонскиот идентитет само како „сегашен“, што според него е јасен знак на продолжување на политиката на асимилација од Софија. Мицкоски истакна дека ваквите амандмани ја потврдуваат тезата дека македонскиот идентитет се гледа како производ на политички одлуки, а не како историска и културна реалност.

Тој посочи дека Македонија нема да одговори со иста остра реторика, туку ќе продолжи да повикува на добрососедски односи и почитување на идентитетот. „Не смееме да дозволиме македонскиот идентитет да биде избришан или редуциран на политички амандмани“, рече Мицкоски.

Премиерот го повика Европскиот парламент и политичарите во Брисел внимателно да ги слушаат пораките што доаѓаат од Софија и да проценат дали тие се во духот на европските вредности, потенцирајќи дека суштината е обид за асимилација на македонскиот народ.

Слични содржини