Мицкоски: Структурата на Владата останува иста, а новиот министер за здравство ќе се знае следната недела

од Марта Пешевска
21 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе биде познат новиот предлог за министер за здравство, по оставката на Арбен Таравари. Тој изјави дека очекува најдоцна до следната недела имињата на новите членови на Владата да бидат доставени до Собранието. Мицкоски истакна дека очекува ресорот здравство да остане во истиот блок и дека структурата на Владата нема да се менува. Како што посочи, најважно ќе биде какви квалификации ќе има новиот кандидат.

Оставката на Таравари доаѓа откако тој објави дека ја напушта владината коалиција и се повлекува од функцијата министер за здравство.

Слични содржини