Мицкоски: Св. Климент Охридски е фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски во која пишува дека ликот и делото „на нашиот голем народен светител и просветител се силно врежани во македонската историја“ и дека „на овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело“.

-Св. Климент Охридски го упати народот во верата и го издигна на образовно, морално и духовно поле.
Св. Климент Охридски е основоположникот на Македонска православна црква и на нашата писменост и култура. Тој претставува фигура која го осветли патот на многу луѓе кон Бога, со зборови ги упатил народите во верата Божја, како прв македонски епископ, а како творец на познатата Охридска школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со силна вера, дисциплина и посветеност, ги надминуваше пречките коишто му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов, наведува претседателот на Владата.

Во честитката тој порачува дека денес „кога се соочуваме со бројни предизвици, потребно е да го следиме неговото дело кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки“.

-Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски, напиша Мицкоски во честитката.

Слични содржини