Мицкоски тврди дека е доцна за консензус за внесување на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
324 прегледи

Сега е доцна за политички консензус за уставните измени со премиерот Ковачевски. Сега можеме да зборуваме само за еден консензус, а тоа е предвремени парламентарни избори. Доколку седнеме и разговараме, тоа може да биде само дата за избори, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на долгонајавуваните промени на Уставот и внесување на Бугарите во Преамбулата.

Според Мицкоски, „претседателот Стево Пендаровски во моментов коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДСМ и ДУИ“.

Тоа му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достинство. Нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80% од граѓаните во Македонија. Негов личен проблем е дали не разбира. Воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски ме разбира или не, рече претседателот на опозицијата, одговарајќи на новинарско прашање, по денешната средба со СКМ.

Слични содржини