Мицкоски тврди дека Владата и меѓународната заедница први го предложиле хрватскиот модел на Уставот

од Nikola Popovski
161 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека Владата прва за зборувала хрватскиот модел на Устав.

-Во август 2022 година, откако го направија проблемот, Димитар Ковачевски на прес-конференција тоа го кажа. Претставници на меѓународната заедница во земјава го споменуваа хрватскиот модел како добар. Шефот на дипломатијата многу пати го споменуваше хрватскиот модел. Свесни дека можеме да трпиме политичка критика и штета, излеговме во јавност и рековме дека сме свесни дека ќе не критикуваат, но одлучени сме да застанеме и да кажеме дека го прифаќаме хрватскиот модел и да го примениме, кажа Мицкоски при посетата на општина Гази Баба.

Мицкоски уште еднаш го повтори ставот на партијата дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени.

-Ова не е детска градинка, ова не е список на желби, рече меѓу другото лидерот на опозицијата.

Слични содржини