Мицкоски утре ќе одлучи дали ќе оди на лидерската средба

од Nikola Popovski
191 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информира дека утре ќе одлучи дали ќе присуствува на лидерската средба во понеделник.

-Утре имаме настан и се надевам дека попаметно ќе можам да се консултирам со коалициските партнери, пратеничката група, Извршниот комитет и утре ќе соопштиме дали ќе одиме и ако не одиме, зошто не одиме, рече Мицкоски денеска од Битола.

Тој потенцира дека деновиве е на терен со граѓаните.

 

 

Слични содржини