Мицкоски: Ванчо Михајлов е континутет на ВМРО-ДПМНЕ и тоа сме го потврдиле на многу конгреси

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република“ вели дека неговата партија го наследува континуитетот на Ванчо Михајлов, соработникот на фашистите и Третиот Рајх.

„На дел од конгресите претседател на ВМРО е Иван Михајлов. И да тој бил во егзил во Загреб каде што живеел и соработувал со тогашната НДХ која била фашистички односно нацистички сојузник. Јас не се согласувам со тоа како тој ја управувал таа партија или организација во тоа време, како се однесувал и со кого соработувал. Како што можеби за некој по неколку децени нема да се согласува со тоа како јас или некои од моите претходници ја водел ВМРО-ДПМНЕ во историска смисла. Но ова е континуитет на една организација која што во современото време станува политичка партија“ вели Мицкоски.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ организираа протести против отворањето на клубот кој го носи името на Ванчо Михајлов во Битола. Тие дури и поднесоа измени на Законот за здруженија и фондации со кои ќе се регулира и забрани поврзувањето на здруженијата со личности кои соработувале со нацистите. Истите одредби беа пресликани и во Законот за политички партии.

Со ваквите признанија на Мицкоски, коментира јавноста, на виделина излегува дволичноста и неискреноста на постапките на ВМРО-ДПМНЕ, за кои од една страна Ванчо Михајлов е во ред да биде дел од континуитетот на нивната партија, но протестираат кога тоа го прави здружение.

Слични содржини