Дали во 2025 година ќе има зголемување на минималната плата, но и на останатите плати – вакво прашање доби премиерот Христијан Мицкоски во новогодишно интервју за МИА. Според него, законско зголемување на минималната плата секако ќе има.
-450 евра е барањето на опозициската СДСМ која што и после седум години неаргументирано настапува. Законски секако ќе има и врз основа на моменталните позитивни законски критериуми, ќе треба да ја зголеми минималната плата на ниво од 24 илјади денари. Тоа секако е предвидено. Но, доколку работодавачите и работниците се согласат за поголемо зголемување, многу лесно како Влада можеме законски да интервенираме и ќе го прифатиме. Да немате дилема бидејќи ако гледаме од името на Владата, со зголемување на минималната плата, тоа значи повеќе средства во Буџетот и за придонеси. Ние не сме елемент во кој што некому нешто даваме или земаме. Ако гледаме од призмата на нашиот интерес, можеби е пдоборо да се зголеми. Секој договор меѓу работодавачите и работниците, ние ќе го поддржиме, додаде Мицкоски.
Како што информира премиерот, следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе се одржи овој месец.