Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека би била одлична можност да се покаже единство, доколку преставници на државниот врв најавија дека ќе дојдат на утрешното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
-Јас ќе одам утре и мислам дека ќе значи тоа за нашите во пиринскиот дел за поголема самодоверба, поддршка плус од овде дека не ги забораваме нашите од таа страна на границата. Тоа е одличен настан за да покажеме дека навистина се грижиме за македонскиот идентитет и народ, а не го правиме тоа со празни зборови и реченици. Многумина сакаат да направат знак на равенство на тоа што се отвораат клубови со фашистички имиња и македонски клубови со името на Никола Вапцаров. Вапцаров обединувал, спојувал, поврзувал, за разлика од овде во Охрид каде имаме локален клуб кој носи име на човек од фашистичкиот режим. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград, рече Мицкоски од Охрид и изрази жалење што претставници на Влада нема да бидат утре во Благоевград.