Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да консолидира 61 пратеник, преферираме коалиција со албанската опозиција

од Vladimir Zorba
643 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА вели дека по 8 мај, денот на гласањето за парламентарните избори, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе биде апсолутен победник. Смета дека ќе успеат да консолидираат 61 пратеник и додава дека за коалициски партнер го преферираат албанскиот опозициски блок.

За евентуалното коалицирање со ДУИ нагласува дека оти во политиката никогаш не се затвораат вратите, но потенцира дека предност има коалицијата „Вреди“.

-Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да консолидира 61 пратеник по 8 мај. Како коалиција „Твоја Македонија“, ќе бидеме апсолутен победник. Не би можел денеска да проектирам колку. Секако ќе поканиме коалициски партнер токму поради овие причини што зборуваме за права на застапеност на помалите етнички заедници. Тоа е моја реченица дека не се затвораат никогаш во политиката вратите и така е. Но, наш приоритет е коалицирањето со албанската опозиција, нагласува Мицкоски.

Слични содржини