Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува најголема политичка сила која дава отпор

од Берта Китинска
201 прегледи

Вечерва бев на состанок со Општинскот комитет Велес, соопшти преку социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На Фејсбук пишува, дека оваа опозициска партија ќе ја тргнела од власт СДСМ, која ја категоризираше како „најкатастрофална власт во земјава“.

„ВМРО-ДПМНЕ останува најорганизираната и најголема политичка сила која дава отпор и ќе ја смени најкатастрофалната власт во земјата, а потоа ќе одговараат за сите криминали, тајни имоти, броила и дезертирања во името и на грбот на Македонија“, се наведува во објавата на Мицкоски.