Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Аеродром порача дека „ВМРО како историска организација го поминала и Османлиско, српско и бугарско и комунистите и ќе ги помине и Али и Ковачевски и сите“.
-Многу е важно како тие ќе заминат во политичка пензија. тоа зависи од нив и мојот совет е не им го правете тоа на луѓето што не сакате да ви го прават вам, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што владината коалиција не се согласува околу лидерска средба за евентуален датум за избори.
Околу изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека СДСМ убедливо ќе победи на избори, Мицкоски вели дека претседателот на Владата има чудна смисла за хумор.
-Нека излезе на избори и ќе видиме кој ќе победи. Има мали карактери кај кои што проработува филозофијата на нивната фрустрација. Треба да се соочиме пред граѓаните и да го видиме резултатот, кажа претседателот на опозицијата.