Мицкоски во екот на „војната“ со Груевски собира поддршка од сопартијците

од Nikola Popovski
424 прегледи

Спротивставените ставови и препирки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот премиер и негов претходник во партијата, Никола Груевски речиси и да го поделија членството на најголемата опозициска партија за тоа кој има поголема поддршка во моментов. Откако актуелното раководство и повеќето од градоначалниците од партијата, излегоа со јавна поддршка за Мицкоски, денеска лидерот на опозицијата објави фотографија дека се сретнал со поранешната министерка за внатрешни работи и поранешна блиска соработничка на Груевски, Гордана Јанкуловска.

-Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!, напиша Мицкоски на неговата Фејсбук страница.

Јанкулоска моментално е во затворот „Идризово“, каде отслужува двегодишна затворска казна во предметот „Тенк“. Таа пред четири години го осуди бегството на експремиерот Груевски кој избега во Унгарија и побара политички азил пред да почне да ја служи затворската казна.

Иако веќе 5 години е бегалец и живее во Будимпешта, Груевски, според познавачите на состојбите, се уште има влијание врз одредени структури во ВМРО-ДПМНЕ, партија со која раководеше речиси 15 години. Иако од Македонија избега како поразен политичар гонет од законот, Груевски се уште високо котира кај граѓаните. Тој на последната анкета на ИРИ е на втората позиција на листата политичари кои уживаат најпозитивно мислење кај граѓаните во земјава.

Слични содржини