Мицкоски: Во изминативе пет месеци многу обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

од Nikola Popovski
124 прегледи

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока бробата со нив во судството и Обвинителството. Нивната цел да дадат се од себе за да го уништат судството и Обвинителството за да можат нивните вистински стопански – тие малкумина судии и обвинии да ги заштитат- добива епски размери, вели премиерот Христијан Мицкоски по острата реакција на ДКСК за именување на членови од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Академијата за судии и обвинители.

Според премиерот, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува дел од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато и погрешно седумгодишно владеење.

-Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, туку ќе биде долга. Малкумина се во судството и Обвинителството, но можам да кажам дека ќе победиме. Ќе бидат поразени, а македонските граѓани ќе добијат правда каква што заслужуваат, а не неправда од опструирани послушници на минатата власт, рече Мицкоски при посетата на Тутунски комбинат АД Прилеп.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила одлуките со кои нивните членови се назначени за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), одлучи и објави ДКСК во петокот.

Според антикорупционерите, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Од Антикорупциска истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители не смеат во исто време да вршат функции во органите на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалбите на кандидатите за судии и јавни обвинители, а советите ги избораат.

Слични содржини