Мицкоски: Во ЈСП има нафта, но раководството не доаѓа на работа

од Nikola Popovski
90 прегледи

Денеска проструи информација дека автобусите на ЈСП Скопје се повлекуваат во базите и повторно нема нафта за да возат. На прашањето дали Владата повторно ќе излезе во пресрет и ќе позајми гориво од државните резерви за јавните градски автобуси, премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема такво барање од Град Скопје.

-Од тоа што го добивам како информација е дека раководството на ЈСП Скопје не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблем дека нема количини на нафта. Апелирам до раководството и до Градот Скопје да ги надминат несогласувањата за да можат скопјани да го користат јавниот превоз. Друг е проблемот. Нека се именува ново лице или не знам, само нека направат нешто затоа што ова ги поминува сите граници на едно однесување. Не е проблемот како што беше со нафтата, кажа претседателот на Владата на денешната прес-конференција во Владата.

На почетокот на месец декември, ЈСП снема нафта, а главниот град остана без превоз. Се направи интервентна набавка на нафта за 2 милиони евра за наредните три месеци, а Владата донесе одлука да прогласи енергетска криза за да даде гориво од државните резерви.

Слични содржини