Мицкоски во Лондон разговарал со Вучиќ за идната соработка

од Nikola Popovski
169 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамките на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница. Самитот се одржува во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток во грофовијата Оксфорд.

За средбата на која се разговарало за идната соработка, информираа од српското претседателство.

„Одлична средба со новиот премиер на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и договор наскоро да се сретнеме за да разговараме за најважните прашања од областа на соработката меѓу нашите две земји“, објавил Вучиќ на Инстаграм.

Премиерот ја предводи македонската делегација што ќе присуствува на Самитот, а во чиј состав се и вицепремиерот Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Слични содржини