Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше да прокоментира „дали се чувствува загрозен“ од анкетата на ИРИ и популарноста на неговиот претходник во партијата, Никола Груевски.
Тој ја потенцира, како што вели, огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ од 19% според анкетата на ИРИ во однос на останатите политички партии.
-За мене политиката е тимски спорт, тоа не е индивидуална игра, се додека тимот победува, а јас сум капитен, јас ќе бидам среќен. Над сите приоритети е Македонија. Еден ден кога ќе не нема, историјата ќе зборува за нас и тоа што сме направиле. Јас сметам дека тимот ќе победи, рече Мицкоски во интервјуто на МТВ.