Мицкоски за Фон дер Лајен: Ако намерно употреби „Северномакедонци“, тогаш е страшно

од Nikola Popovski
354 прегледи

За кованицата „Северномакедонци“, жалам што упорно се греши идентитетот – македонски народ и нација. Ако тоа е ненамерно, тогаш очекував барем тие што се до нејзе да и кажат дека згрешила и дека треба да ја корегираат. Сепак, жалам што ја испуштија таа прилика, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додава дека „ако е намерно употребено Северномакедонци, тогаш е страшно“.

-Тогаш тезата за асимилација на македонскиот народ се потврдува од највисокото ниво во Европа. Очекувам Урсула Фон дер Лајен да се корегира и како што напиша на македонски јазик, така и правилно да го изговори македонскиот народ, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен вчера во Скопје во неколку наврати ја употребуваше кованицата „Северномакедонци“.