252
Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија. Тоа го чувствува секој граѓанин дека сме најкриминална држава, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната американска листа.
Како што истакна денеска, „не можеме при очи да се правиме слепи, а при уши да се правиме глуви“.
-Ова што пристигна од Стејт департментот е само потврда на тоа што го чувствуваме. Тие имаат докази, барем така јас го сфатив соопштението, и дека има голем криминал позади него. Дури и самата ДУИ молчи, објасни Мицкоски од општина Гази Баба, каде направи обиколка на реализација на проекти.