Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

-Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало, подвлече Мицкоски.

Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.

Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во која тој бара двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање, туку е коментар на политиката на ДУИ кога е во опозиција.

-Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банконоти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобили.. Кога сме во опозиција, е тогаш е сосама поинаква состојбата, одговори Мицкоски.

Слични содржини