Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вчерашната емисија „360 Степени” вели дека се уште не сме земја членка на Европската Унија бидејќи претходната Влада го смени името за влез во НАТО и ЕУ, прифаќајќи секакви договори кои им биле ставени на маса, бидејќи како што рече тој, тие мислеле дека на тој начин ќе им се прости криминалот кој што го правеле.
„Народот јасно кажа што мисли за договорот кој што тогаш беше на маса. Нормално ли беше она тегнење на пратеници во рамките на Парламентот да гласаат тогаш? Тоа е во рамките на духот на НАТО Алијанса и ЕУ вредностите? Прашањето не беше за преименување на името за НАТО, туку беше и за членство во ЕУ. Каде сме сега? Јас и вие разговараме за таа тема, а не треба да разговараме, бидејќи треба да сме членка во ЕУ. А мене таа 2018 година некои од тие европски политичари ми велеа дека сме фронтранери за 4 до 5 години ќе бидеме членка на ЕУ. Поминаа тие 5 години минатата година, а каде сме ние во чекална”, рече Мицкоски и додаде:
„Виновни се овие кои што претходно ја водеа македонската влада што прифаќаа се што ќе им биде ставено на маса, мислејќи дека на тој начин криминалот и растурањето дома, ќе им бидат простени.”