Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вели дека Македонија поминала „историски успешно“ на Светскиот форум во Давос бидејќи, како што вели, бил дел од три панели со луѓе од врвот на светскиот бизнис и мултинационални компании. На самата свечена вечера, кажа Мицкоски, со него на маса биле главниот извршен директор на „Гленкор“, со Џон Донован кој што бил поранешен главен извршен директор на најголемата американска телекомуникациска компанија, со секретарот за економија на САД, а лево од него бил австрискиот канцелар…
-Јас не бев статист или по ходници да барам селфи со учесниците на Давос туку бев активен учесник на три панели. Штета што не можеме да ги објавиме моите говори, но сите беа проследени со аплауз од страна на присутните. Со мене беше и државниот секретар на САД за енергија, потоа главната извршна директорка на најголемата саудиска компанија за извор на нафта и нафтени деривати. Светот во годините кои што следат ги детерминира приоритетите кои се вештачка интелигенција и секое општество кое тоа нема да го препознае, ќе биде осудено на пропаст…, рече, меѓу другото, премиерот од посетата на Општина Гази Баба.
Мицкоски вели дека наскоро ќе бидеме сведоци за некоја конкретна инвестиција.
-Бидете трпеливи, еден по еден проект ќе ги дознае македонската јавност, додаде премиерот.