Мицкоски за уставните измени: Не дека сум надмен човек, но моите аргументи се елементарна логика

од Nikola Popovski
155 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно остана на ставот дека членови на неговата партија нема да учествуваат во работната група за уставните измени.

-Притисоци има, ова не е бајка. Јас не можам да ви кажам дека немам притисоци. Има моменти кога треба да се спротивставите на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам. Досега не сум слушнал аргумент кој што ги победува аргументите кои јас ги презентирам. Не дека јас сум надмен човек, но моите аргументи се елементарна логика и тие се јавно познати. Се лажат дека со притисок можат да постигнат нешто кај мене, рече Мицкоски на панел дискусија на УМС.

Мицкоски е дециден дека „нема да се случи промена на Уставот во овој парламентарен состав“.

-Јас тука ја затворам темата. Отсега понатаму одговорот на моето прашање ќе биде непроменет, кажа лидерот на опозицијата како одговор на новинарско прашање.