Мицкоски за загинувањето на Фросина: Згрозен сум од политичарите некрофили коишто на ваков начин сака да добијат политички поен

од Nikola Popovski
58 прегледи

„Апсолутен е, оправдан е, револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и од еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем, којшто треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците. Не само во главниот град, туку и насекаде во државата.

И мислам дека, не мислам туку знам дека, Министерството за внатрешни работи, тоа како постапка го спроведува и наскоро, од денеска ќе имаме еден таков систем. Кој што ваков тип на дивеење ќе санкционира и тоа мора да се случи колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме, имплементираме и да преземеме казнена политика, којашто ќе биде ригорозна. Затоа што и еден живот да спасиме, сме ја постигнале целата.”, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски за смртното прегазување на младата Фросина Кулакова.

„Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата. Но, час поскоро треба „Безбеден град”, системот да биде инсталиран, да функционира и сите законски измени коишто се неопходни да бидат донесени. Јас мислам оваа година сето тоа ќе биде ставено во функција. Жалам што годините наназад сето ова не било направено.

Во овој Буџет, тука е и министерката, веќе се обезбедени средства, не само во градовите, туку и на клучните артерии, автопатски и експресни патишта коишто ја поврзуваат државата со соседните држави. Така што како Влада, можеме тоа да го направиме.

Така што згрозен сум од политичарите некрофили, коишто на ваков начин сака да добијат политички поен, апсолутно револтот на граѓаните го поддржувам, и жалам како прв човек на Владата, што прерано згасна еден ваков, млад човечки живот.

И се надевам дека многу скоро од денеска, сето ова за којшто зборував ќе биде инсталирано, имплементирано и ќе спасуваме човечки животи, да не згаснуваат прерано како што згасна овој.”, искоментира претседателот на Владата Мицкоски.

Слични содржини