Мицотакис бара прошка од семејствата на загинатите во железничката несреќа

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се извини и побара прошка од семејствата на 57-те жртви на овонеделната железничка несреќа кај градот Лариса во централна Грција.

Во објава на социјалните мрежи, Мицотакис, меѓу другото, истакна дека им должи на сите, „но пред се на семејствата на жртвите големо извинување, лично, како и во име на сите оние кои со години владееја со земјата“, пренесе Катимерини.

„Во Грција во 2023 година не е можно два воза да се движат во спротивни насоки по иста пруга и никој да не ги забележи. Не можеме, не сакаме и не смееме да се криеме зад човечката грешка“, напиша грчкиот премиер.

Слични содржини