Мицотакис до Македонија и Албанија: Престанете да правите сметка без крчмарот

од Nikola Popovski
719 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска испрати нови пораки и предупредувања до Македонија и Албанија. Тој во говор од грчкото Собрание истакнал дека „прават сметка без крчмарот“.

„Не започнавте добро, прекршувајќи го и меѓународното право и вашите обврски што произлегуваат од меѓународните договори. Престанете да правите сметка без крчмарот“, рекол претседателот на грчката влада, велејќи дека истото важи и за Албанија, чии потези не го олеснуваат пристапниот процес кон ЕУ.

За нашата земја, односно како што рече за северните соседи, Мицотакис посочил дека има проблематични експерименти.

„Тоа се стапици за кои одовде од говорницата имавме предупредено“, додал грчкиот премиер за однесувањето на македонските власти во однос на почитувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор.

Слични содржини