Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис, кој освои најмногу гласови на парламентарните избори во Грција, денеска го доби мандатот за состав на нова влада.
Мицотакис денеска положи заклетва, а потоа треба да биде објавен составот на новата грчка влада, пренесува „Катимерини“.
Мицотакис, откако официјално го доби мандатот од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, истакна дека се обврзал да спроведе „големи промени кои толку многу ѝ се потребни на земјата“ во неговиот втор мандат, додава „Ројтерс“.
„Чувствувам голема тежина на одговорност која Грците ја ставија на моите плеќи“, рече Мицотакис.
Тој порача дека граѓаните на Грција имаат право да бараат подобра иднина, осврнувајќи се на, како што наведува „Катимерини“, големите промени и реформи кон кои се стреми новата влада.