34
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди дека Грција ја чека опасно лето поради шумските пожари.
„Имавме исклучително тежок јуни во однос на временските услови, со силна суша и невообичаено силен ветер за овој период од годината. Сакам да им се заблагодарам на сите што направија одлична работа во последните неколку дена, но и да го свртам вниманието назад кон летото за кое се предвидува дека ќе биде особено опасно“, рече Микотакис, a пренесува „Катимерини“.
Шумските пожари се вообичаени во Грција, а топлото, суво и ветровито време, кое научниците го припишуваат на ефектите од климатските промени, ја зголеми нивната фреквенција и интензитетот.