199
Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, ќе положи заклетва како премиер откако му беше доделен втор четиригодишен мандат со убедлива победа на реизборите во неделата.
Десничарската Нова демократија освои 40,5 отсто од гласовите и 158 од 300 места во парламентот.
Тоа е дури 20 отсто повеќе од левичарската Сириза, која ја предводеше Грција од 2015 до 2019 година, јавува Радио Слободна Европа.
Неделното гласање беше тежок пораз за партијата Сириза на Алексис Ципрас, која загуби повеќе од 30 пратеници.
Со вкупно 35 места, во парламентот влегоа три маргинални десничарски и националистички партии, меѓу кои и антимигрантските Спартанци.
„Овој резултат е негативен за демократијата и општеството“, рече Ципрас.