Мицотакис на местото на несреќата кај Лариса: „Вакво нешто да не се повтори“

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска на местото на железничката несреќа кај градот Лариса, во која загинаа најмалку 38 лица, изјави дека властите ќе направат се вакво нешто никогаш да не се повтори.

„Од сега па натаму можам да гарантирам само едно, ќе ги откриеме причините за оваа трагедија и ќе направиме се што е во наша моќ да се осигураме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори“, рече Мицотакис, пренесува „Екатимерини“.

Тој посочи дека по оваа, како што рече, неопислива трагедија, мислите на сите се пред се кај блиските на загинатите.

Слични содржини