„Грција отсекогаш ја поддржувала европската политика на Балканот. Сепак, ние исто така немаме илузии дека Балканот секогаш ќе биде поле на дејствување за партиите кои инвестираат во националистички екстремизам. Што се однесува до Скопје, Северна Македонија, мојата порака до идниот мандат е многу јасна – предизборниот период заврши“, изјавил вчера грчкиот премиер Кирјакос Мицкотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“.
Како што додал Мицкотакис во пораката до идниот мандатар Христијан Мицкоски, „Преспанскиот договор, кој за нив имал многу проблеми, сепак има основно аки, а тоа е едно име за сите – „ерга омнес“.
„Мора да го почитува и да даде категорична изјава кога официјално ќе ја преземе премиерската функција дека го почитува Договорот од Преспа. Во спротивно, сè што ќе може да постигне е да има многу непријатно прво искуство кога сите ќе се собереме во Вашингтон на 75-годишнината од НАТО на почетокот на јули. Очигледно ќе го поставам проблемот таму. Ако сакаат да се приближат кон Европа, патот кон Европа оди преку Грција и преку добри односи со Грција. Истото важи и за Албанија“, рекол грчкиот премиер.
Тој додал дека на маса е можноста Грција да го блокира патот на двете земји кон Европската унија, велејќи дека:
„Мислам дека нема да биде потребно да стигнеме дотаму, бидејќи сигурен сум дека на крајот ќе надвладее логиката. Но, мислам дека бев апсолутно јасен“, кажал Мицотакис.