Мицотакис објасни дали Грција ќе се жали до Меѓународниот суд на правдата за прекршување на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski

Незаконитостите на Скопје во однос на името на државата произлегуваат и од тоа што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме, изјавил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за весникот „Реал њуз“, одговарајќи на прашањето дали нашиот јужен сосед ќе се обрати пред Меѓународниот суд на правдата за наводното прекршување на Преспанскиот договор, со оглед дека истиот не може да биде поништен.

-Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека, кога ќе станеме влада, нема да ги спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, прашува грчкиот премиер, критикувајќи ја позицијата на грчката опозициска партија во однос на Договорот.

Мицотакис им замерува на СИРИЗА за предлогот за ратификација на меморандумите, кои според него, се „предавање на целото нивно преговарачко оружје“.

-Нешто што другата страна не го ни бара. Очигледно, меморандумите нема да ги ставиме на гласање, но ќе почекаме новата влада (во Македонија) да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис. Северна Македонија може само да добие, исто како и Албанија, од добрите односи со Грција. Во спротивност, европскиот пат на двете земји минува низ Атина, а тука ќе наиде на проблем, потенцирал Мицотакис во интервјуто.

Слични содржини