Мицотакис од Вашингтон: Сериозно сум загрижен кога слушам дека новата влада ја нарекува државата Република Македонија

од Nikola Popovski
386 прегледи

Употребата на уставното име на Северна Македонија ерга омнес е многу јасна и не може да се преговара, изјавил синоќа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, говорејќи за Преспанскиот договор на јавната дебата со поранешниот амбасадор на САД во Грција, Даниел Спекхард. Со тоа се обвистинија најавите на грчкиот премиер дека при посетата на Вашингтон и Самитот на НАТО ќе го покрене прашањето за почитувањето и спроведувањето на Договорот со кој се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

Во разговор со Спекхард, Мицотакис рекол дека проблемот со Балканот е што многу често сеништето на национализам се појавува кога тоа никој не го очекува, а како пример ја навел нашата држава.

„Северна Македонија денеска е членка на НАТО затоа што Грција го укина ветото по Договорот од Преспа што го потпиша и ратификува претходната влада. Јасно ставивме до знаење дека ова е меѓународен договор што ја обврзува земјата. Ние тоа го почитувавме и јас го почитувам. Еден од основните, ако не и најфундаменталните, аспекти на овој договор беше поврзан со тоа што името ‘Северна Македонија’ мора да се користи секаде, и внатре и надвор. И ова е нешто што е многу јасно и не може да се преговара“, Кога слушам дека новата влада ја нарекува државата Република Македонија во внатрешноста на земјата, сериозно сум загрижен. Тоа е прашање што имам намера да го покрена. Не е конструктивно и не помага на европскиот пат на Северна Македонија“, додал грчкиот премиер во обраќањето.

Иако пред два дена беше соопштено дека не е планирана, сепак е можна средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер. Според најавите од кабинетот на Мицотакис, како што објавува грчката национална телевизија ЕРТ, не се исклучува можноста за средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

„На највисоко ниво на Самитот на НАТО, премиерот ќе го постави прашањето за провокативната реторика на политичкото раководство на Северна Македонија, ќе се повика на Договорот од Преспа, кој не се почитува и пред сè на прашањето за сложеното име „ерга омнес“, пишува ЕРТ.

Самитот на НАТО, на кој се прославува 75-тиот роденден на Воената алијанса, се одржува до утре 11-ти јули.

Слични содржини