467
Преку видео објавено на Инстаграм претседателот на Нова демократија, до неодамна премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов.
„Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за Ковид и сум позитивен“, наведе Мицотакис во видеото.
Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднина.