Мицотакис: Русија треба да биде казнета за воените злосторства во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Русија мора да биде казнета за, како што наведе, воените злосторства извршени на територијата на Украина.

Вчера, на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој додаде дека Грција „безрезервно ја осудува“ руската инвазија, пренесува „Гардијан“.

Тој посочи дека Грција никогаш нема да ја признае нелегалната анексија на украинска територија од Русија.

„Ние сме против кршење на меѓународното право и сме против каква било нелегална окупација“, изјави грчкиот премиер.

Тој изјави дека официјална Атина ги поддржува санкциите против Москва и покрај нивните негативни последици за грчката економија, како и активно се залага за интеграција на Украина во Европската унија.

На прес-конференцијата Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка изјава за евроатлантската перспектива на Украина.

Слични содржини