Мицотакис со ново предупредување: Патот на С. Македонија кон ЕУ минува и низ Грција и тука може да застане

од Nikola Popovski
695 прегледи

„Дипломатската реакција на Грција на најновите пркосни потези на нашите северни соседи мора да биде со комерцијален контранапад кој би се фокусирал на автентичноста и квалитетот на нашите македонски производи и услуги“, изјавил грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во говорот на Генералното собрание на Здружението на грчки извозници кое се однесува на регистрацијата на трговската марка на тамошните производи.

Тој уште еднаш потсетил дека неговата партија Нова демократија гласаше против Договорот од Преспа, истакнувајќи дека поднеле предлог за цензура против СИРИЗА која го промовираше Договорот.

-Не затоа што не сакавме решение на прашањето, туку затоа што Договорот им го дозволи македонскиот етникум и јазик на соседите, рекол Мицотакис, додавајќи:

-Како нова влада го почитувавме овој грчки потпис на меѓународен договор кој важи со закон. Меѓутоа, гледајќи го извесен период подемот на национализмот во Скопје, останавме претпазливи во однос на прифаќањето на меморандумите. За жал, развојот на настаните ги потврди нашите резерви. Односот на новата претседателка (на Македонија) и идниот мандатар на владата е незаконски и провокативен. Затоа Грција ја отфрла и не ја прифаќа. Соседната држава мора да сфати и ова мислам дека го сфаќаат повеќето граѓани на Северна Македонија, дека патот кон Европа и напредокот поминува и низ нашата земја и тука може да застане, истакнал грчкиот премиер.

Мицотакис се осврнал и на трговската ознака „Macedonia the Great“ за грчките производи, промовирана во ноември 2019 година, токму од конкретната Асоцијација.

-Трговската ознака на Македонија, во овој момент, станува моќен инструмент на економската дипломатија. Навистина сум вознемирен кога слушам од врвните производители на вино во нашата земја како ни велат дека има вина што се појавуваат како македонски, а некои муштерии во странство кога зборуваат за македонските вина имаат на ум на Северна Македонија. Наше е да го промениме ова и оттаму вие ќе ја имате целосната поддршка од владата, навел меѓу другото грчкиот премиер.

Слични содржини