Microsoft го интегрира Adblock Plus во најновата верзија на прелистувачот Edge за Android и iOS. Блокирање на реклами сега е достапно за учесниците во бета програмата за Android и корисниците на iOS кои се запишале на тестови за прелистувачи.

Наскоро додатокот ќе биде достапен за сите корисници на Edge за двата оперативни системи. Adblock Plus може да биде активиран со поставувања на прелистувачот и не бара преземање дополнителни plug-in-и.
Google исто така има и програма за блокирање на рекламите на Chrome, но не ги филтрира сите несакани комерцијални пораки, додека решението на Microsoft е исклучително агресивно во овој поглед.
Во моментов, Edge има околу 5 милиони корисници во верзијата на Android, но нема официјални податоци за популарноста на прелистувачот за iOS.