Microsoft на 2 септември ќе ги објави своите нови очила со додадени реалност, HoloLens 2, кои
компанијата за прв пат ги промовираше на Светскиот мобилен конгрес во Барселона оваа пролет.
AR очилата ќе чинат 3.500 долари, објави „Ројтерс“.

Верзијата HoloLens 2 Developer Edition ќе чини 99 долари месечно, со неколку дополнителни бонуси,
вклучително 500 долари за услуги на Azure, квартални верзии на Unity Pro и додаток PiXYZ, кој
покажува CAD моделите во дополнителна реалност.
Иновативниот производ е ориентиран кон деловно работење. Обичните корисници веројатно нема
да ги разберат неговите придобивки, давајќи 3.500 американски долари за AR очила.
HoloLens 2 значително го надминува моделот од првата генерација, кој имаше 34-степен агол на
гледање. Сега аголот на гледање е зголемен на 52 степени.
Иако резолуцијата останува иста, продуктивноста е подобрена. Microsoft вгради повеќе
компјутерска моќ во очилата, како и хардверско забрзување за да ги следи очите и рацете. Покрај
тоа, очилата станаа поудобни.