Microsoft ќе конкурира на AirPods со Surface Buds

од Vlatko K
126 прегледи

Минатата година Microsoft не изненади со премиерата на слушалки во серијата Surface, но
очигледно компанијата има долгорочни планови во овој сегмент и наскоро ќе додаде уште еден
модел за нив.


Ова станува јасно од информации на сајтот Thurrott која открива дека Microsoft работи и по целосно
безжични „in-ear“ слушалки кои го носат кодното име Morrison и може да се појават на пазарот како
Surface Buds.

Засега нема повеќе детали за тоа како Microsoft има намера да ги разликува слушалките од оние
на конкурентите, но не е исклучено да видиме интеграција со виртуелниот асистент Cortana и
функција за потиснување на бучавата во животната средина.

Според страницата, се бара начин да се подобри интеракцијата помеѓу телефонот и уредот за да се
олесни читањето на содржината на паметниот телефон.