Microsoft подготвува голема промена во Windows 10

од Vlatko K
218 прегледи

Во тек се тестовите на значајна функционална надградба на оперативниот систем на Windows.
Учесници во програмата Windows Insiders веќе имаат пристап преку каналот Skip Ahead до верзија
со кодно име 20H1 – тоа е платформата за пролетта 2020 година


Се подготвува нешто спектакуларно, според публикациите во специјализирани форуми.
Изненадувачки за многумина е дека пред да се појави верзијата со кодно име 19H2 која е
планирана за есен 2019 година, членовите на Windows Insiders веќе имаат пристап до следното
издание на Windows 10.

Самата Microsoft ја објаснува својата одлука со фактот дека во Windows 20H1 ќе се појават нови
функции, кои бараат многу повеќе време за запознавање и тестирање. Ова е јасен сигнал од
компанијата за претстојните големи промени во оперативниот систем.

Во моментов повеќето програмери во екипата на Windows се фокусирани на претстојната
надградба со кодно име 19H1, која се очекува да излезе оваа пролет. Ажурирањето ќе понуди нова
светла тема, подобрен центар за известување и „Windows Sandbox“, како и бројни други промени.
Ажурирањето 19H2, кое сè уште не е достапно за тестирање од страна на Windows Insiders, излегува
на есен. Затоа објавувањето на верзијата 20H1, закажано за пролетта 2020 година, предизвика
возбуда кај заедницата на Windows специјалистите.